Достапни линкови

logo-print

Авганистан - при воздушен напад на НАТО убиени 8 жени


За време на воздушен напад на НАТО силите во источниот дел на Авганистан, биле убиени осум жени, јавуваат тамошните медиуми. Тие ги цитираат авганистанските официјални лица кои велат дека за време на нападот жените собирале дрва за огрев. Силите на НАТО бомбардирале во едно село во покраината Лагман. При нападот се повредени уште 10 луѓе. Од НАТО се уште нема коментири за инцидентот.
XS
SM
MD
LG