Достапни линкови

logo-print

Венецуела и Боливија против извештајот на САД за трговијата со дрога


Владите на Венецуела и Боливија го отфрлија извештајот на САД во кој овие две јужноамерикански држави се обвинуваат дека не ги исполниле своите обврски во борбата против трговијата со дрога.

Во извештајот на администрацијата на САД се наведува дека Венецуела, Боливија и Мјанмар минатата година „видно потфрлиле“ во таа борба, поради што остануваат на американската црна листа за трговија со дрога.

Владите на Венецуела и Боливја го отфрлаат извештајот на Белата куќа и демантираат се што е во него изнесено. Тие оценуваа дека Вашингтон нема право да суди како другите земји се справуваат со трговијата со дрога.
XS
SM
MD
LG