Достапни линкови

logo-print

Грција ќе добие повеќе време, но не и повеќе пари


Грција ќе добие повеќе време за исплата на долгот кон меѓународните кредитори, но нема да добие повеќе пари, изјави австрискиот министер за финансии Марија Фектер.

„Ние се уште го чекаме извештајот на „тројката“ и Грција се уште мора да заврши некои работи, но ние ќе направиме продолжување на рокот без зголемување на цената“, изјави Фектер во интервју за австриски весник.

На средбата на министрите за финансии од еврозоната вчера во Никозија Фектер изјави дека на Грција треба да и се даде повеќе време за постигнување на нејзините финансиски цели, но не и повеќе пари.

Тројката меѓународни кредитори, составена од Меѓународниот монетарен фонд, Европската централна банка и Европската комисија, се очекува да донесат конечна одлука по ревидираната програма за Грција во втората половина на октомври, соопшти грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас.
XS
SM
MD
LG