Достапни линкови

Државниот врв упати честитка до еврејската заедница за празникот Рош Хашана


Отворање на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, 10 март 2010.

Отворање на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, 10 март 2010.

Претседателот Ѓорге Иванов по повод празникот Рош Хашана и одбележувањето на почетокот на 5773 година според Еврејскиот календар упати честитка до претседателката на Еврејската заедница во Македонија, Бјанка Суботиќ.

„Република Македонија е особено горда на припадниците на Еврејската заедница кои се вградија во македонската земја, историја, традиција и култура уште од најраните времиња. Повеќе од уверен сум дека припадниците на Еврејската заедница и понатаму ќе продолжат да го даваат својот активен придонес за развојот и за напредокот на нашата заедничка татковина Македонија“, вели Иванов во честитката.
Со желби за мир, благосостојба и просперитет на секое поле, претседателот Иванов од свое лично име и од име на граѓаните им ја честита новата 5773 година на сите припадници на Еврејската заедница во Македонија.

И претседателот на Собранието Трајко Вељаноски за празникот, упати честитка до претседателката на Еврејската заедница во Македонија, Бјанка Суботиќ.

„Со почитување на религиските и културните посебности создаваме светла иднина за идните генерации“, се вели во честитката.
XS
SM
MD
LG