Достапни линкови

logo-print

Нападнат безбедносен штаб на Египет во Синај


Вооружени лица денеска нападнале безбедносен штаб на Египет во северниот дел на Синај. Напаѓачите успеале да фрлат гранати во зградата, пред снајперистите кои биле на врвот на зграда да возвратат со оган. Имало престрелка, но нема повредени. Нападот се случи по апсењето на неколку радикални исламисти во средата. Апсењата беа дел од операцијата лансирана во август, откако милитанти убија 16 египетски војници во Синај. Во операцијата досега се убиени околу 30 милитанти, а десетици се уапсени. Од смената на поранешниот претседател Хосни Мубарак, минатата година, милитантите презедоа одговорност за неколку напади во Синај, како напади врз гасоводот кој носи гас во Израел, како и напади на пунктови на армијата.
XS
SM
MD
LG