Достапни линкови

Нетенјаху- Иран е раководен од фанатизам


Израелскиот премиер Бенјамин Нетенхају.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетенхају.

„Од појавата на нуклеарното оружје постојат држави кои имаат пристап до тој вид на оружје и тие постојано пресметуваат која е користа и колкави се трошоците за таквото оружје. Но, владата на Иран е водена од фанатизам“, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетенхају во интервју за американската телевизија Ен - Би - Си, кое ќе биде емитувано денеска.

Нетенјаху вели дека не би се потприрал на рационалноста на Иран.
Тој исто така додава дека Иран не може да се стави под конторла, како што било можно со Советскиот Сојуз за време на Студената војна.

Тој, фанатизамот на Иран го изедначува со оној кој настана во муслиманскиот свет по филмот со кој се навредува исламот.

„Тое е ист вид на насилство како оние што ги напаѓаат амбасадите на САД. Дали сакате такви фанатици да поседуваат нуклеарно оружје“, запрашал Нетенхају.
XS
SM
MD
LG