Достапни линкови

logo-print

Протести во Кабул против анти-исламскиот филм


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Стотици луѓе се собрале на улиците на Кабул извикувајќи антиамерикански слогани во знак на протест против филмот со кој се исмева исламот. Филмот предизвика смртоносни немири на Блискиот Исток и Северна Африка. Полицијата соопшти дека во главниот град протестирале околу 1.000 демонстранти, кои извикувале „Смрт за Америка“. Полицијата соопшти дека протестите засега мирно се одвиваа. Во петокот во Авганистан имаше протести во провинцијата Нангархар. Таму демонстрантите палеа постери со ликот на американскиот претседател Барак Обама. Локалните племенски старешини и исламски свештеници во Нангархар најавија дека даваат 100 илјади долари за главата на продуцентот на филмот.
XS
SM
MD
LG