Достапни линкови

Во бомбашки напад во Пакистан, 14 жртви


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Најмалку 14 луѓе загинале во експлозија на бомба во северниот дел на Пакистан, соопшти тамошната полиција. Полицијата соопштува дека експлозивот бил активиран под камион кој носел селани на пазар. Меѓу загинатите се три жени и три деца. Дописниците јавуваат дека селаните во областа Ловер Дир ги подржуваат владините сили во борбата против талибанските бунтовници. Поддршката за Талибанците опадна во некои области во северниот дел, велат аналитичарите, бидејќи во крвавите бомбашки напади во тие области загинаа многу цивили.
XS
SM
MD
LG