Достапни линкови

Авганистански полицаец убил двајца британски војници


Еден авганистански полицаец убил двајца британски војници, дел од силите на НАТО во јужен Авганистан. Потоа тој бил убиен. Напаѓачот се враќал од безбедносна операција во Хелманд со коалициските војници, кога го свртел пиштолот кон војниците и пукал. При нападот биле убиени двајца војници, а тројца биле повредени. Еден војник возвратил на огнот, убивајќи го напаѓачот, изјавија од Меѓународната мисија за помош на безбедносните сили. Оваа година се убиени 47 странски војници од стана на авганистански воен персонал.
XS
SM
MD
LG