Достапни линкови

logo-print

„Браќа Манаки“ отворен со премиерата на „Трето полувреме“


Меѓународен фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола, постер.

Меѓународен фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола, постер.

Со премиерата на филмот „Трето полувреме“, синоќа во Центарот за култура во Битола, беше отворен фестивалот „Браќа Манаки.“
Поради големиот интерес на публиката за која се малку 800-те места во Центарот за култура, по премиерната имаше и репризна проекција.

Фестивалот за отворен го прогласи претседателот Ѓорге Иванов, кој на „Трето полувреме“ и на „Балканот не е мртов“ на Александар Поповски им посака успеси на фестивали и прикажувања во кината низ светот.

Иванов и ја врачи Специјалната награда „Златна камера 300“ на француската актерка Катрин Денев, ексклузивна гостинка на фестивалот.

Специјалната награда „Златна камера 300“ за придонес во светската кинематографија на австрискиот кинематографер Кристијан Бергер му ја врачи Горјан Тозија, претседател на Друштвото на филмските работници на РМ.
XS
SM
MD
LG