Достапни линкови

САД го повлекува персоналот од Тунис и Судан


Протест пред америкнаската амбасада во Тунис.

Протест пред америкнаската амбасада во Тунис.

Американскиот Стејт департмент соопшти дека на американскиот персонал во Тунис и Судан им е наредено да ги напуштат земјите, откако и двете амбасади беа нападнати и оштетени од страна на демонстрантите.

Во соопштението од Вашингтон се предупредуваат и американските граѓани да не патуваат во Тунис во овој момент и да бидат претпазливи при патување во Судан, каде што терористичката закана „останува критична.“

Демонстрации кои започнаа во вторникот во муслиманските земји се фокусирани на амабасадите на САД, како и на другите западни амбасади. Демонстрациите беа инспирирани од еден филм настоен против исламот. При нападот на американскиот конзулат во Бенгази загинаа четворица Американци, меѓу кои и амбасадорот на САД во Либија.
XS
SM
MD
LG