Достапни линкови

Владата го усвои Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета


Владата ги усвои Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета и Законот за изменување и дополнување на Кривичниот закон со што влегува во кругот на држави кои ја имаат декриминализирано навредата и клеветата. Законските решенија, информираат од Владата, се усвоени на вчерашната владина седница. Оттаму соопштуваат дека на овој проект се работело подолг временски период и во изготвувањето на законските решенија биле вклучени Здружението на новинари, претставници од науката, судии и јавни обвинители. Основа за изготвувањето на двата наведени закона била компаративната анализа во оваа област и меѓународнте стандарди кои се вградени во конкретните законски решенија.
XS
SM
MD
LG