Достапни линкови

logo-print

Власта најавува мерки против рецесијата, опозицијата обвинува


Владата го предвиде негативниот БДП во вториот квартал од годината и ги презема сите неопходни мерки. Во оваа фаза останува насочена кон изнаоѓање решенија што гледаат напред, кон поддршка на стопанството, заштита на бизнис заедницата, граѓаните и социјалните категории, рече денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. Одговорајќи на новинарски прашања Ставрески изјави дека за Владата во овој период е најбитно да му се помогне на стопанството, да се подобри неговата ликвидност, да се заштитат примањата на вработените и да нема поголеми отпуштања. Од опозициската СДСМ велат дека од 2000 година македонската економија три пати била во рецесија. Во сите три случаи, потсетуваат опозиционерите, на власт била ВМРО-ДПМНЕ а задолжен за економијата бил Груевски, еднаш како министер за финансии, а два пати како премиер.
XS
SM
MD
LG