Достапни линкови

logo-print

Масовни демонстрации и судири со полицијата во муслиманскиот свет


И денеска во повеќе муслимански земји имаше демонстрации против филмот во кој се исмејува пророкот Мухамед. Во Судан, Јемен и Либан имало судири со полицијата, а цел на демонстрантите биле и амбасадите на неколку западни земји. Агенциите јавуваат дека има настрадани во нередите.Во јеменскиот главен град Сана, полицијата интервенирала со водени топови и истрели во воздух за да ги растера демонстрантите кои се обидувале да влезат во американската амбасада. Пентагон соопшти дека испратил маринци за да ја зајакнат безбедноста на амбасадата во Сана. Демонстрации имало и во Тунис, во Џакарта, Индонезија, како и во Техеран и во авганистанскиот град Џалалабад.
XS
SM
MD
LG