Достапни линкови

Лидерите на коалицијата "За подобра Македонија" разговарале за економската криза


Состојбите предизвикани од европската должничка криза, активностите поврзани со евроатланската интеграција на Македонија, состојбите во владината коалиција и претстојните локални избори, биле теми на кои на денешната средба разговарале лидерите на партиите од коалицијата „За подобра Македонија“.
- Се разгледуваше состојбата предизвикана од европската економска должничка криза, податоците кои се актуелни во Македонија и во Европа и се разговараа можностите и начините како да се изнајдат решенија со кои што би се намалиле негативните ефекти од кризата, изјави по средбата директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.

- На денешната средба со коалициските партнери ги разгледувавме и состојбите и проблемите кои што постојат во однос на внатре владината коалиција. Колициските партнери беа информирани за сите случувања во владината коалиција..., истакна Димовски.
Тема на денешната средба биле и претстојните локални избори кои треба да се одржат напролет.
- Се разговараше околу активностите кои веќе се преземаат, во смисла на прибирање идеи од граѓаните, креирање програми, вклучување на помалите коалициски партнери во креирањето на програмите на коалицијата за подобра Македонија и сите други аспекти и можности за подобрување на учинокот на помалите политички партии во подготовката на стратегијата за локалните избори, изјави по средбата Димовски
XS
SM
MD
LG