Достапни линкови

logo-print

Иванов - Нишани за унапредување на соработката


Бујар Нишани

Бујар Нишани

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска во вилата „Билјана“ во Охрид оствари средба со албанскиот претседател Бујар Нишани.
Како што е соопштија од Кабинетот на Иванов, во фокус на разговорите меѓу двајцата претседатели биле досегашните билатерални односи и областите во кои постои неискористен потенцијал за зајакнување на соработката.
Иванов и Нишани со обострана констатација дека политичките односи меѓу двете земји се на ниво кое овозможува целокупната енергија и капацитети во иднина да бидат фокусирани врз развојот на економската соработка, инфраструктурното и енергетското поврзување, прекуграничната соработка, развој на туризмот, соработка во борбата против организираниот криминал, во сферата на културата и заштитата на културното наследство, како и во сферата на заштита на животната средина.

Во однос на заедничката стратешка цел - членство во Европската Унија, двајцата претседатели согласни дека евроинтеграцијата на државите од Западен Балкан е од суштинско значење за регионалната стабилност и развој.

Инаку, ова беше прва неформална средба на двајцата претседатели, а во функција на одржување на претходно воспоставената динамика меѓу Македонија и Албанија за редовни средби на највисоко ниво.
XS
SM
MD
LG