Достапни линкови

Попоски: Македонија е конструктивна кон соседите


Министерот за надворешни работи Никола Попоски ги отфрли тврдењата на портпаролот на грчкото МНР Грегори Делавекурас, дека Македонија е неконструктивна и има недозрабирања со сите соседи.
Попоски изјави дека Македонија се уште нема добиено никаков одговор за сите нејзини иницијативи од Грција и за средби и за конкретни проекти што, според него, е првиот чекор за да се покаже конструктивност.
Во однос на поставувањето „црвени линии“ и од Бугарија со кои би се попречила евроинтеграцијата на Македонија, министерот рече дека е апсурдно од која било членка на ЕУ да ги попречува другите земји кои се на патот за приклучување.
XS
SM
MD
LG