Достапни линкови

logo-print

Грција ќе добие повеќе време, но не и повеќе пари


Грција ќе добие повеќе време за да ги исполни условите за добивање европска помош, но нема да добие повеќе пари од предвидените, изјави холандскиот министер за финансии Јан Кис Де Јагер, кој допатува на Кипар на разговори за финансиската криза во Грција. Претставници на Австрија и на Франција исто така изјавија дека Грција ќе добие дополнително време. Грчката влада побара рокот за намалување на буџетскиот дефицит на Грција да и биде продолжен за две години.
XS
SM
MD
LG