Достапни линкови

logo-print

Продолжуваат протестите против филмот за Мухамед


Демонстранти ја нападнале американската амбасада во главниот град на Јемен, како дел од протестите на Блискиот Исток предизвикани од еден филмски проект со кој се исмева пророкот Мухамед.
Демонстрантите кршеле прозорци на амбасада во Сана, палеле возила и го запалиле американското знаме, пред полицијата да ги истера со помош на водени топови, солзавец и предупредувачки истрели.
Во Египет, полицијата се судрила со демонстрантите кои трет ден по ред протестираат пред американската амбасада во Каиро против филмот.
Во Ирак исто така се одржале протести на кој се извикувале слогани против САД и Израел.
Во меѓувреме, во Либија се уапсени неколку луѓе за кој постои сомнеж дека се вмешани во нападот на американската амбасада. При нападот доцна во вторникот за време на протестите беше убиен американскиот амбасадор.
XS
SM
MD
LG