Достапни линкови

Претставникот на ОН за Сирија на средба со Асад


12

12

Претставникот на Обединетите Нации и Арабската Лига во Сирија Лакдар Брахими очекува денеска да се сретне прво со претседателот Башар Ал Асад а потоа и со претсавници на опозицијата. Брахими пристигна во земјата вчера и се сретна со министерот за надворшни работи. Сириските државни медиуми ја цитираа изјавата на министерот по средбата во која вели дека секоја иницијатива треба да биде фокусирана на интересите на сирискиот народ. Брахами се сретна и со иранскиот амбасадор во Сирија Мохамед Реза Шибани. Иранската влада е силен поддржувач на Асад. Од почетокот на немирите во државата од март минатат година до сега се загинати илјадници луѓе.
XS
SM
MD
LG