Достапни линкови

Штрајк на професорите во Словачка, бараат повисоки плати


Повеќето училишта и некои универзитети во Словачка вчера не работеа, оти професорите одржаа еднодневен штрајк. Тие протестираат со барање за повисоки плати.
Синдикатот соопшти дека 90 проценти од основните училишта, 80 отсто од средните училишта и околу 30 проценти од универзитети учествувале во протестот. Професорите бараа да им се зголеми платата за 10 проценти следната година и повеќе пари за образовниот сектор.
Министерството за образование соопшти дека платите на наставниците се приоритет за нив, но дека ќе биде многу тешко да се најдат ресурси, кога во земјата, како и многу други земји на ЕУ, треба да се усвојат мерки за штедење
XS
SM
MD
LG