Достапни линкови

Повеќе од половина Хрвати се за влез во ЕУ


Доколку сега би се одржал референдум за влез на Хрватска во ЕУ, околу 53 отсто од вкупниот број испитаници би гласале за пристапување кон Унијата, а 38 би биле против.
Од оние кои сигурно би излегле на референдум, 61 отсто би биле „за“, а 34 отсто против, покажуваат резултатите кои ги спроведе „Ипсос пулс“.
Тоа е досега речиси највисоката забележана поддршка за влез на Хрватска во ЕУ, речено е на претставувањето на истражувањето кое го извршија шефот на истражувачкиот тим Драган Багиќ и шефот на Делегацијата на ЕУ во Хрватска Пол Вандорен.
Од влезот во ЕУ особено многу се очекува поголема можност за вработување.
XS
SM
MD
LG