Достапни линкови

Клинтон- американската влада нема никаква врска со филмот за Мухамед


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон денеска изјави дека нејзината влада нема никаква врска со контроверзниот филм за пророкот Мухамед што предизвика анти-американски протести низ Блискиот Исток. Таа рече дека видеото ставено на интернет е „одвратно и за осуда.“ Според неа видеото по се изгледа имало цинична цел за оцрнување на религија и да предизвика гнев.

Коментарите на Клинтон уследија по новите протести во Јемен, Египет, Либија, Судан, Тунис и Иран.

Доцна во вторникот во Либија, беше убиен американскиот амбасадор Кристофер Стивенс, за време на протестите против филмот.

Американскиот претседател Барак Обама нареди да се зајакне безбедноста на сите американски објекти во странство, по насилството во Либија.
XS
SM
MD
LG