Достапни линкови

Јанкулоска - Дачиќ: Соработката меѓу Македонија и Србија е добра


Српскиот премиер Ивица Дачиќ .

Српскиот премиер Ивица Дачиќ .

Односите меѓу Македонија и Србија се добри, оцениле министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и српскиот премиер Ивица Дачиќ на денешната средба во Сараево, оджана на маргините од меѓународната конференција за борба против компјутерскиот криминал на Балканот.
Тие се согласиле дека двете земји треба да се насочат една кон друга и да ја прошират меѓусебната соработка, да покренат нови иницијативи.

Јанкулоска, го истакнала значењето на прекуграничната соработка, особено можноста граѓаните на двете земји да ја минуваат државната граница само биометриска лична карта.

„Во изминатите години се трудевме да развиваме добри односи, ја унапредивме правната регулатива, потпишавме повеќе спогодби кои се во интерес на нашите граѓани и на заедничката борба против криминалот“, изјавил српскиот премиер.

Србија и Македонија, според Дачиќ, во наредниот период треба да се насочат на отворање нови гранични премини и на натамошна борба против криминалот и корупцијата.
XS
SM
MD
LG