Достапни линкови

Генерален штрајк во Грција на 26 септември


Архивска фотографија- протести во Грција.

Архивска фотографија- протести во Грција.

Грчките најголеми работнички синдикати денеска ги повикаа работниците на 26 септември да стапат во 24-часовен штрајк со цел да протестираат против новиот бран мерки за штедење кој го бараат меѓународните кредитори.

„Не можеме да поднесеме повеќе штедење“, изјави Илиас Илопулос, генерален секретар на синдикатот на јавниот сектор АДЕДУ.

Грчката конфедерација на синдикати на вработени во приватниот сектор ГСЕЕ исто така ќе учествува во штрајкот.

Ова ќе биде прв голем национален штрајк откако во јуни дојде на власт коалициската владата предводена од конзервативците.
XS
SM
MD
LG