Достапни линкови

logo-print

Карзаи ја одложи посетата на Норвешка


Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи.

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи.

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи ја откажа официјалната посета на Норвешка поради загриженоста за насилни реакции предизвикани од филмот за кој се сметаа дека го навредува исламот.

Портпаролот на Карзаи, рече дека патувањето во Норвешка ќе се одложи за понатаму.

Норвешкиот министер за надворешни работи изјави дека авганистанскиот лидер го одложи патувањето, бидејќи смета дека треба да остане дома по неодамнешните настани. Карзаи требаше да отпатува за Осло доцна денеска.

Филмот направен во САД предизвика насилни протести во неколку земјите од Блискиот Исток, вклучувајќи напад на американскиот конзулат во Бенгази во кој загина американскиот амбасадор.

Карзаи го осуди филмот. Талибанците повикаа на одмазда заради филмот и најавија зголемување на нападите врз странски војници во Авганистан.
XS
SM
MD
LG