Достапни линкови

Делавекурас-Грција е конструктивна и сака да се реши прашањето за името


На брифингот одржан во грчкото МНР во однос на грчко-македонските односи портпаролот Григорис Делавекурас изјавил дека „Грција е конструктивна и сака да се реши прашањето за името, нo треба да има политичка волја за тоа“, јави дописникот на МИА од Атина.
Македонија покрена неколку иницијативи за македонско-грчки средби, но од официјална Атина нема одговор. Од македонска страна се упатени покани за средби на повеќе нивоа за време на Генералното Собрание на ОН овој месец, но Делавекурас рече дека се уште не е закажан никаков состанок. Тој повтори дека „треба да се седне на маса и да се разговара“.
XS
SM
MD
LG