Достапни линкови

logo-print

ЕП усвои Предлог резолуција за проширување на ЕУ


Комисијата за надворешни работи на Европскиот параламент ја усвои Предлог-резолуцијата за Политиката и критериумите за проширување и стратегиските интереси на Европската Унија во оваа област за периодот 2012-2015 година. За резолуцијата предложена од грчката европратеничка Мариа Елени Копа гласаа шеесет европратеници и само еден против. Во усвоената предлог резолуцијата се нагласува дека „проширувањето мора да остане кредибилен процес“ и „поради тоа е значајно ЕУ да ги исполни своите дадени ветувања и да создаде услови кои ќе осигураат дека идните проширувања ќе бидат успешни“.

Од земјите членки на ЕУ се бара да ja одржуваат динамиката на процесот за проширување со повторното потврдување на европската перспектива на секоја од земјите кандидатки или потенцијални кандидатки.
Резолуцијата предвидува земјите да се оценуваат според исполнетите критериуми, а копенхагенските критериуми да останат „срцето на политиката за проширување“.
XS
SM
MD
LG