Достапни линкови

Преглед на дневен печат - политички игри и поскапувања


Најновата занимација на весниците е Собранието на Македонија, односно Законот за бранители, а свое место си зазедоа и поскапувањата.

Се' е исто во Македонијава, барем според она што го пишуваат медиумите - политички игри, политички игри, поскапувања, поскапувања, ама и поевтинувања - како што објави Сител ТВ, по два месеца поскапувања, поевтинија бензините!
Дуи влезе, СДСМ излезе. По средбите на Али Ахмети со меѓународниот фактор, ДУИ реши да ги поддржи владините закони, освен оној за бранителите, а улогата на деструктор сега ја презеде опозицијата.
Утрински весник.

Најновата занимација ни е Собранието на Македонија: „Дуи влезе, СДСМ излезе“, насловува Утрински, додавајќи дека по средбите на Али Ахмети со меѓународниот фактор, ДУИ реши да ги поддржи владините закони, освен оној за бранителите, а улогата на деструктор сега ја презеде опозицијата.
Свеченост по 10 години од основањето на ДУИ, вторник, 12 јуни 2012.
Свеченост по 10 години од основањето на ДУИ, вторник, 12 јуни 2012.

Поскапувањата на храната и горивата ја кренаа инфлацијата на 3,7%.
Капитал.
„Етничките битки привремено запреа - политиката се врати, СДСМ чека и калкулира“, гласи насловот во Дневник, а Вечер пишува: „ДУИ омекна за комуникациите, но не и за бранителите“, „Смир-смир! ДУИ се врати во парламентот“, ја употребува дневниот Капитал во насловот детската фраза за престанување на непријателствата. Само Утрински забележува дека „Груевски присуствуваше на повеќето настани за Денот на независноста, но се воздржа од коментари за релациите со ДУИ - Заглушувачки молк на Груевски!“.

Дневник ја објаснува ситуацијата со наслов: „Коалиција принудена на компромиси - Груевски и Ахмети пред најголем предизвик“. Вечер ги објавува пораките од Организацијата на македонските иселеници во Канада дека „И иселениците се против идејата за ново парламентарно мнозинство на СДСМ и премиер Албанец“, но под наслов: „Македонија е во опасност од Бранко Црвенковски“.

„На следните избори не ќе може да гласаат 70 илјади лица - немаат нови биометриски лични документи“, пишува Утрински, а Дневник дека дури 145 илјади граѓани се без биометриски документи: „Или нови лични карти, или нема гласање“.

Дневниот Капитал информира дека „Поскапувањата на храната и горивата ја кренаа инфлацијата на 3,7%“, а Дневник забележува: „Скапотијата полека ја јаде илјадарката“.

Ден известува дека „И покрај притисоците, штрајк ќе има - на лекарите им се придружија и медицинските сестри“. Вечер ги смирува тутунарите по навестувањата дека Светска здравствена ќе препорача намалување на садењето тутун поради загадувањето на почвата, со изјавата на Ставрески дека во Македонија „Ориентален тутун и понатаму ќе се сади и ќе се даваат субвенции“.

Нова Македонија информира дека Нова Љубљанска Банка, НЛБ, е под истрага од страна на словенечките власти за стопански криминал на Балканот. Дневниот Фокус пак оди со ексклузива: „Егзотичен журнализам во Македонија - новиот неделник Република има газда од Карибите“.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG