Достапни линкови

logo-print

Собраниската Комисија за труд и социјална политика ќе го забрза разгледувањето на законот за бранители


Собраниската Комисија за труд и социјална политика од денеска ќе заседава секој ден без пауза, ќе работи и по 18 часот, а ќе се бара дозвола и за заседавање и во петок и во сабота, со цел што поскоро да мине Предлог-законот за посебните права на бранителите на оваа матична комисија, пред тој да дојде на пленарна седница, најави Цветанка Иванова, претседател на Комисијата.

Таа појасни дека на ваков начин ќе се испочитува апелот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, да ја забрзаат работата со цел да може да се исполнат условите за разгледување на законите коишто се на дневен рад на пленарната седмица

Собраниската комисија досега одржа неколку продолженија на седницата на чијшто дневен ред е закон за бранители поднесен од владејачката ВМРО-ДПМНЕ. По првичната расправа, на која сите партии го изнесоа ставот по предложениот закон, пратеникот на ДУИ Талат Џафери започна маратонска дискусија со која ги реализира најавите од оваа партија дека ќе се искористат сите парламентарни, деловнички, технички средства кои им се на располагање со цел да го оневозможат неговото донесување.
XS
SM
MD
LG