Достапни линкови

logo-print

Кралев-Прекршочни пријави ако не се отстранат таблите во Чаир


Панче Кралев, министер за образование.

Панче Кралев, министер за образование.

Ќе има прекршочни пријави за одговорните доколку во предвидениот рок до 16 септември не бидат отстранети таблите со сменетите имиња на четири училишта во Чаир, најави министерот за образование и наука Панче Кралев. Тој вели дека според законот прво следуваат прекршочни пријави и законски рокови, а понатаму, доколку не се постапува, стојат и останатите механизми на располагање. Кралев верува дека ќе се најде начин за надминување на ова прашање.
Тој додаде дека на Министерството за образование и наука не му е во интерес да дојде до барање за полициска асистенција за симнување на таблите.
Министерството за образование и наука, рече Кралев, нема добиено информации ниту за постапката за отстранување на бистите, ниту што се случува со нив.
XS
SM
MD
LG