Достапни линкови

Во Авганистан уништени шест нелегални лаборатории за дрога


Руските власти соопштија дека во заедничка операција со американските и со авганистанските Агенции за борба против дрогата, успеале да елиминираат шест нелегална лаборатории за дрога во Авганистан.

Федералната служба на Русија за контрола на наркотици, соопшти денеска дека
лабораториите кои се наоѓале во североисточната провинција Бадакшан во Авганистан, служеле за синтетизирање на неколку видови на дрога од опиум. Во операцијата биле запленети 180 килограми хероин, 1.500 килограми морфиум и 1.200 килограми опиум. Дрогата произведена во лаборатории, требало да се дистирибуира во Централна Азија и Русија.
XS
SM
MD
LG