Достапни линкови

Регионална конференција за борба против компјутерскиот криминалот


Министрите за внатрешни работи на Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска, Црна Гора и Турција денеска во Сараево присуствуваат на конференцијата на која се зборува за заедничката борба на регионот против компјутерскиот криминал.
На Конференцијата се очекува да биде усвоена заедничка изјава за соработка. Домаќинот, министерот за внатрешни работи на БиХ Садик Ахметовиќ рече дека забрзаната информатизација и компјутеризација освен позитивните страни ги отворила вратите и за нови, високософистицирани форми на криминално однесување.
На собирот меѓу другите се обрати и македонската министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, која ја истакна важноста на ваквите средби, бидејќи овозможуваат размена на искуства во борбата против компјутерскиот криминал.
XS
SM
MD
LG