Достапни линкови

logo-print

Специјалниот претставник за Сирија пристигна во Дамаск


Лакдар Брахими.

Лакдар Брахими.

Заедничкиот претставник на Обединетите нации и на Арапската лига за Сирија, Лакдар Брахими, денеска пристигна во Дамаск. Тоа е неговата прва посета на земјата откaко ја презеде функцијата. Сириското Министерство за надворешни работи претходно соопшти дека Брахими ќе се сретне со сирискиот министер за надворешни работи Валид ал Моалем, но не соопштија дали Брахими ќе се сретне со сирискиот претседател Башар ал Асад. Брахими го замени поранешниот генерален секретар на ОН, Кофи Анан, кој се повлече од функцијата специјален претставник за Сирија, во август.
XS
SM
MD
LG