Достапни линкови

logo-print

Законот за полиција со (не)намерни пропусти


Илустрација: Полицајци.

Илустрација: Полицајци.

Експертите, на седницата на Националниот совет за евроинтеграции, побараа ревидирање или подобрување на предложените измени со цел законот да биде во согласност со меѓународните стандарди.

Неквалитетен и со низа недоследности е новиот закон за полиција, кој веќе е влезен во собраниска процедура, велат експертите. На седницата на Националниот совет за евроинтеграции, експертите побараа ревидирање или подобрување на предложените измени со цел законот да биде во согласност со меѓународните стандарди.
Министерството и понатаму има една своја финта, а тоа е прво, како што направија во овој закон, да си одбере кои одредби им одговараат и нив ќе ги имплементираат, а тие што не им одговараат, обично што носат обврски или финансиски средства не ги имплементираат, како што се бесплатната правна помош на задржаните, преведувањето и слично.

Од Хелсиншкиот комитет за човекови права велат дека најпроблематични претставуваат измените во однос на зајакнатата оперативна контрола на лица и објекти, прикриено полициско дејствување и претресот на лица, превозни средства и багаж.
Гордан Калајџиев.

Гордан Калајџиев.


„Министерството и понатаму има една своја финта, а тоа е прво, како што направија во овој закон, да си одбере кои одредби им одговараат и нив ќе ги имплементираат, а тие што не им одговараат, обично што носат обврски или финансиски средства не ги имплементираат, како што се бесплатната правна помош на задржаните, преведувањето и слично, прво не им одговара од аспект на ефикасноста, полесно да ја завршат работата, второ, не им одговара затоа што ќе има некои трошоци, а сега демек ќе штедиме на човековите права веројатно“, вели професор Гордан Калајџиев.

Професорот на факултетот за безбедност Миодраг Лабовиќ најголема забелешка има за одредбата за засилено полициско набљудување.

„Одредбата каде што се предвидува дека директорот без претходно образложен предлог од јавниот обвинител и без одлука од надлежниот суд може да дава наредба за засилено полициско набљудување мислам дека треба да се отстрани затоа што може да доведе, не мора, но може во иднина да доведе до загрозување на човековите права и слободи“, вели Лабовиќ.
Одредбата каде што се предвидува дека директорот без претходно образложен предлог од јавниот обвинител и без одлука од надлежниот суд може да дава наредба за засилено полициско набљудување мислам дека треба да се отстрани.

Поранешната судија во европскиот суд во Стразбур, Маргарита Цаца Николовска вели дека генерално проблемот е во тоа што не постојат инструменти за заштита од арбитарно и произволно однесување, заради тоа што законот не е јасен.

„Употребата на сила. Значи никаде не е кажано каква треба да биде таа сила, колку треба таа сила да се примени, пропорционалноста во употреба на сила и однесувањето на полицијата. Значи има многу такви работи коишто даваат можност за арбитарно постапување, толкување и во крајна линија неможност за оценување“, вели Цаца Николовска.

Според Министерството за внатрешни работи, новите измени се со цел да се усогласи Законот за полиција со решенијата во Законот за кривичната постапка.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG