Достапни линкови

Собранието ќе гласа за измените на Законот за следење на комуникации


Собранието на Република Македонија денеска треба да гласа за Дополнетиот предлог закон за изменување и дополнување на Законот за следење на комуникации, за чие донесување е потребно двотретинско мнозинство.
Пратениците од ДУИ вчера се изјаснија дека ќе гласаат за законите од дневниот ред, со исклучок на законот за бранители, а СДСМ, пак, најави дека нема да присуствуваат на седницата се додека не добијат прецизен одговор дали ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се усогласени за преостанатите 19 закони од седницата.
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски ги повика пратениците да обезбедат двотретинско мнозинство за денешното гласањe.
XS
SM
MD
LG