Достапни линкови

logo-print

Напредњаците го „освоија“ Нови Сад


Претседателот на градскиот одбор на Српската напредна партија Милош Вучевиќ изутрината е избран за нов градоначалник на Нови Сад.
Тој е избран со тајно гласање на пратениците во новосадскиот Парламент, по речиси 20-часовна седница. За него гласале 42 пратеника на новата владејачка коалиција, додека 36 пратеници на ДС и ЛСЛ не учествуваа во гласањето, а петмина пратеници на СРС ја напуштиле седницата уште на самиот почеток.
Во своето експозе Вучевиќ нагласи дека коалицискиот договор кој е постигнат меѓу 5 те пратенички групи ќе биде основа за натамошната работа на Градскиот совет.
За заменик градоначалник е избран Борко Илиќ, претседател на градскиот одбор на Демократската партија на Српбија, а избрани се и членови на Градскиот совет, кој го сочинуваат 11 градски министри.
XS
SM
MD
LG