Достапни линкови

САД распоредија воени бродови и маринци во Триполи


Вашингтон распореди два брода разурнувачи и 50 маринци во Либија по убиството на американскиот амбасадор при нападот на конзулатот во Бенгази.
Трупите се распоредени заради безбедност на амбасадата во Триполи каде персоналот е скратен за итни потреби.
Според извештаите, амбасадорот Кристофер Стивенс и тројцата вработени се убиени од толпата која го нападна конзулатот во Бенгази поради навредлив филм кон пророкот Мухамед.
Но американските служби истражуваат дали нападот е дело на Ал Каеда или на нивни симпатизери кои ги искористиле протестите за да превземат диверзија на 11 Септември на годишницата од терористичките напади врз САД.
Претседателот Барак Обама вети дека одговорните за убиството на Стивенс ќе бидат донесени пред лицето на правдата.
XS
SM
MD
LG