Достапни линкови

Најавени антиамерикански демонстрации во Техеран


Денеска во Техеран ќе бидат одржани демонстрации против антиисламскиот филм пред швајцарската амбасада, која ги претставува интересите на САД во Иран. Според иранските медиуми, организатор на протестите е една студентска исламска организација.
„Демонстрациите се организираат за да се осуди навредливата акција на Американците против светите ликови на исламот. Ги повикуваме сите Иранци да дојдат“, изјави генералниот секретар на студентската организација Аболфази Шаманди. На странските новинари им е забрането да го покриваат овој настан. Претходно иранските власти го оценија контроверзниот филм како гнасен, во кој се навредува исламот.
XS
SM
MD
LG