Достапни линкови

Избран нов премиер на Либија


Поранешниот ВД премиер Махмуд Џибрил

Поранешниот ВД премиер Махмуд Џибрил

Либиското национално собрание го избра досегашниот заменик премиер Мустафа Абу Шагур за нов премиер на земјата. Во вториот круг од гласањето, Шагур тесно го победи Махмуд Џибрил, кој ја вршеше должноста премиер по симнувањето од власт на Моамер Гадафи во минатата година.
Шагур вети дека безбедноста ќе му биде приоритет во неговиот 18-месечен мандат. Тој има долга историја како опозиционер на Гадафи. Докторирал во САД и работел како академик и оптички инженер.
XS
SM
MD
LG