Достапни линкови

Времето денеска променливо, од утре дожд


Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Кон крајот на денот во западните делови влажноста ќе се зголеми и ќе има врнежи од дожд, како и локална појава на грмежи. Преку денот ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Утринската температура се движи од осум до 16, а дневната од 25 до 31 степен.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен повремено засилен јужен ветер. Утринската температура се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 30 степени.

Во наредните денови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, грмежи, засилен ветер и опаѓање на температурата. Пообилни врнежи се очекуваат утре.
XS
SM
MD
LG