Достапни линкови

Басеску - Романија подготвена за соработка за ромското прашање


Романскиот претседател Трајан Басеску.

Романскиот претседател Трајан Басеску.

Романскиот претседател Трајан Басеску изјави дека Романија е подготвена за соработка за ромското прашање вклучително и испраќањето полицајци во Франција, но смета дека се „неприфатливи“ забелешките дека Романија е одговорна за прогон на ромско население. Басеску го изјави тоа пред двајца француски министри кои се во посета на Букурешт со цел анализа на состојбата на Ромите.
Басеску имаше средба со францускиот министер за внатрешни работи Мануел Валс и со Бернар Казнаов, министер за европски прашања.
XS
SM
MD
LG