Достапни линкови

logo-print

Народна банка- Финансиските пазари стабилни, монетарната политика соодветна


Димитар Богов, гувернер на Народна банка на Македонија

Димитар Богов, гувернер на Народна банка на Македонија

Движењата на домашните финансиски пазари се стабилни, а поставеноста на монетарната политика соодветна, оценува Комитетот за оперативна монетарна политика при Народна банка.
Економската состојба во евро-зоната, којашто придонесува за релативно ниска странска побарувачка на домашни производи, како и последните показатели за домашната побарувачка се уште се оценуваат како основни ризици за домашната економија.

„Порастот на светските цени на нафтата и храната на меѓународните финансиски пазари и пониската понуда на домашни прехранбени производи доведоа до пораст на годишната стапка на инфлација од 2,3 отсто во јули, на 3,7 отсто во август. Согласно со ваквите остварувања, како и неизвесноста на движењата кај увозните цени, се оценува натамошно присуство на ризици околу инфлацијата, за која сепак се очекува дека ќе се одржи на контролирано ниво до крајот на годината“, се наведува во соопштението.

На девизниот пазар не се забележани притисоци врз девизниот курс, односно бруто девизните резерви од почетокот на годината се одржуваат на релативно стабилно и адекватно ниво, обезбедувајќи доволен простор за амортизација на евентуални неповолни шокови
XS
SM
MD
LG