Достапни линкови

Новиот претседател на Сомалија преживеа обид за атент


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Новиот претседател на Сомалија преживеа обид за атент, само два дена откако беше избран за функцијата. Експлозија на бомби го потресе хотелот во кој се одржуваше пресс конференција на претседателот на Сомалија Хасан Шеик Мохамуд и министер за надворешни работи на Кенија кој му беше на посета. Бунтовниците од Ал-Шабааб, сомалиската верзија на Ал Каеда ја презедоа одговорноста за нападот. Во нападот загинаа неколку луѓе. Првичните извештаи сугерираа дека нападот е извршен од страна на најмалку двајца бомбаши-самоубијци.
XS
SM
MD
LG