Достапни линкови

Поинакво решение на меѓуетничките спорови


Преку Центар за поддршка на олеснување на меѓуетничките спорови ќе се решаваат проблемите меѓу етничките заедници во земјава. Наместо да се вмешуваат политичките партии, Центарот ќе се обиде да го разрешава спорот таму каде што настанал.

Преку Центар за поддршка на олеснување на меѓуетничките спорови ќе се решаваат проблемите меѓу етничките заедници во земјава. Досега споровите најчесто завршувале со забрани, поделби, интервенција на полицијата или политичка спогодба, а целта на проектот е да се пронајде поинакво решение, вели професорката Мирјана Најчевска од Институтот за социолошки и правно политички истражувања.
Што сакавме да обезбедиме? Прво, да обезбедиме разрешување на споровите на најниско можно ниво, да не ги подигаме споровите на повисоко ниво, да не ги вмешуваме политичките партии, политичките структури, туку да се обидеме да го разрешиме спорот таму каде што настанал.

„Што сакавме да обезбедиме? Прво, да обезбедиме разрешување на споровите на најниско можно ниво, да не ги подигаме споровите на повисоко ниво, да не ги вмешуваме политичките партии, политичките структури, туку да се обидеме да го разрешиме спорот таму каде што настанал. Многу важен елемент ни беше, да пробаме, да видиме дали спорот може да се разреши меѓу директните учесници во спорот.“

И Анета Дамјановска од УНДП вели дека најдобро е споровите да се решат веднаш по нивното создавање во заедниците каде што се формирани.

„Секое одложување на нивното разрешување би значеле ризик за ескалација на самиот спор и добивање на меѓуетничка, политичка или некоја друга димензија. Во таа насока програмата за развој на ОН го поддржа создавањето на Центарот за разрешување на меѓуетничките спорови.“

Ардита Дема Мехмети од ЗЕЛС вели дека сите граѓани во своите општини треба да имаат можност да ги бранат своите интереси со што ќе се обезбеди мирен и хармоничен развој на општеството, при што ќе се почитува и идентитетот на етничките заедници.

„Општината е несомнено таа што ги создава тие услови за отворен социјален дијалог, консензуална демократија и промовирање на граѓанското учество.“

За полесно решавање на споровите вклучени се и олеснувачи и медијатори кои преку координативно тело ќе воспоставуваат врски со центарот и локалните и централните власти.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG