Достапни линкови

Почна судскиот процес за „Детонатор“


Полициска акција „Детонатор“ во Виница и во Кочани.

Полициска акција „Детонатор“ во Виница и во Кочани.

Во Основниот суд Скопје 1 денеска почна судскиот процес за обвинетите од полициската акција „Детонатор“.
Според обвинителниот акт, 16 луѓеи треба да одговараат за насилен и финансиски криминал. Тие се товарат дека дејствувале како организирана група во неколку градови во источна Македонија. Обвинителството ги товари и за лихварство, односно дека давале позајмици со високи камати, за поседување нелегална коцкарница, и дека преку нивна агенција за обезбедување „Титан груп" ги принудувале сопственици на објекти да им плаќаат месечен надомест за обезбедување, иако не ги обезбедувале нивните објекти.

Обвинетите негираат дека биле дел од организирана група.

Четиринаесетмина од обвинетите за рекет, лихварство, изнуда, перење пари и насилство, денеска првпат седнаа на обвинителна клупа. Двајца се во бегство и им се суди во отсуство.

Акцијата „Детонатор“ започна во источна Македонија и се прошири во останатите градови. Беа запленети над 1.000 покер апарати, а како последица на акцијата беа сменети 13 командири на полициски станици и началникот на СВР Штип.
XS
SM
MD
LG