Достапни линкови

Светските лидери го осудија нападот во Либија


Напад на американскиот конзулат во Либија.

Напад на американскиот конзулат во Либија.

Американскиот претседател Барак Обама и меѓународните лидери денеска го осудија нападот врз американскиот конзулат во Либија во кој загинаа американскиот амбасадор и тројца американски членови на персоналот. Обама рече дека нападот во источниот град Бенгази е „срамота“ и државниот секретар Хилари Клинтон го осуди нападот.
Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен изјави дека „таквото насилство не може да се оправда“. Комесарот за надворешна политика на ЕУ, Кетрин Ештон, изјави дека тоа што се случуло е „одвратното“.
Шефот на национално собрание на Либија, Мухамед Магариеф се извини за нападот и рече дека властите ќе ги изведат сторителите пред правдата.
Нападот во Бенгази, како и протестите во Египет беа предизвикани од американски филм со кој наводно се навредува исламскиот пророк Мухамед.
XS
SM
MD
LG