Достапни линкови

logo-print

ДУИ ќе гласа за законите од 40. седница, освен за бранителите


ДУИ ќе ги гласа законите од дневниот ред на тековната 40. собраниска седница, со исклучок на законот за бранителите, за да не се создава впечаток дека придонесува за негативен извештај од Европската комисија, најави координаторот на пратеничката група Талат Џафери. Тој рече дека партијата ќе го искористи целиот потенцијал и сите институционални можности за блокирање на законот.
Имер Алиу од ДПА вели дека единствен метод да се блокира законот за бранителите е ДУИ да ја напушти Владата.

Ермира Мехмети од ДУИ, посочи напуштањето на Владата само ќе ја оневозможи, како што наведе, битката што ќе ја водат во врска со недонесувањето на законот за бранителите.

Претходно, од пратеничка група на СДСМ најавија дека нема да присуствува на собраниската седница се додека не добие одговор од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ дали ќе имаат усогласен став и дали на 40. собраниска седница ќе ги поддржат преостанатите 19 закони предложени од Владата.
XS
SM
MD
LG