Достапни линкови

logo-print

Ештон е за продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина


Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон.

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон.

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон ќе разговара со српскиот претседател Томислав Николиќ и со косовскиот премиер Хашим Тачи за продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина, за време на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации, изјави портпаролот на Ештон, Маја Коцијанчиќ.
Според најавите, дијалогот во продолжение би можел да биде подигнат на високо ниво.
Досегашниот европски посредник во дијалогот меѓу Белград и Приштина Роберт Купер и формално повеќе не ја врши должноста, бидејќи од 1 септември замина во пензија, истакна Коцијанчиќ.
XS
SM
MD
LG