Достапни линкови

СДСМ надвор од собраниската седница, ако продолжи блокадата на законите


Пратеничка група на СДСМ најави дека нема да присуствува на собраниската седница се додека не добие одговор од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ дали ќе имаат усогласен став и дали на 40. собраниска седница ќе ги поддржат преостанатите 19 закони предложени од Владата.
Координаторот на пратеничката група Игор Ивановски изјави дека се додека не добијат прецизен и конкретен став по ова прашање, тие нема да влезат во собраниската сала.

„Три дена заради дневно политичките калкулации на владините партнери, Собранието како највисок законодавен дом се претвори во циркус на штета на државните интереси“, рече Ивановски.
XS
SM
MD
LG